Достапни линкови

Ердоган со предупредување до Русија за економските врски


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреди Русија дека со нејзините воени акции во Сирија си ги загрозуваат економските интереси во Турција. „Губењето на Турција ќе биде сериозна загуба за Русија“, рече денска Ердоган. Тој рече дека Анкара може од друго место да се снабдува со гас и да ја откаже нејзината прва нуклеарна централа, која ја гради Русија. Русија е главен снабдувач на гас во Турција. Комкентарите доаѓаат поради тензиите со Москва по нарушувањето на турскиот воздушен простор од страна на воените авиони на Русија и поради руската воена кампања и поддршкатаа на сирискиот претседател башар ал-Асад. Портпаролот на Кремњ, Дмитриј Песков изрази оптимизам дека соработката меѓу Москва и Анкара може да продолжи велејќи дека тоа е од взаемна корист.

XS
SM
MD
LG