Достапни линкови

Можно повлекување на трупите на НАТО од Авганистан


Американскиот секретар за одбрана Еш Картер вели дека САД побарале од НАТО сојузниците да „останат флексибилни“ додека алијанската ги разгледува плановите да ги повлече нејзините трупи од Авганистан. „Голем број земји денеска покажаа волја за ги променат своите планови“, рече Картер. Во меѓувреме, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека алијансата се подготвува да „донесе одлуки“ за иднината обуката и советодавната мисија во Авганистан. Мисијата минатата година ја замени бербената улога на НАТО во земјата и е предвидено да заврши во 2016 година. Високиот командант на НАТО и САД во Авганистан, генерал Џон Кембел рече дека му препорачал на претседателот Барак Обама да го ревидира планот и да задржи повеќе од 1000 војници во земјата до 2016 година.

XS
SM
MD
LG