Достапни линкови

logo-print

Во Турција уапсени милитанти на ИД за изработка на монети


Турските власти соопштија дека уапсиле шест осомничени милитанти на групата на Исламската држава, осомничени за ковање на монети за употреба во областите кои се под контрола на екстремистичката гупа. Од канцеларијата на гувернерот на јужноисточниот регион Газиантеп, кој се граничи со Сирија, соопшти дека е запленета и опрема за изработка на монети. Меѓу осомничените има лица со неодредена националност. Според извештаите на локалните медиуми, биле запленети 56 монети во четири различни големини. Постојат извештаи дека групата на ИД е подготвена да наметне сопствена валута во областите што ги контролира.

XS
SM
MD
LG