Достапни линкови

Доктори без граници ја оценуваат нивната работа во Авганистан


Организацијата Доктори без граници соопшти дека ќе ги разгледуваат нивните операции во Авганистан, по смртоносните американски напади на северот на земјата. Во нападите на 3 октомври меѓу Талибанците и владините сили беше погодена болница во Кундуз, при што загинаа 22 лица и персонал Доктори без граници. Од организацијата велат дека 33 луѓе се водат за исчезнати. Генералниот директор на организацијата Кристофер Стоукс денеска во Кабул рече: „Шокантната природа на настанот не принуди да направиме преглед на нашата работа во Авганистан, генерално и внимателно да ги разгледаме нашите обврски кон безбедноста на нашиот персонал и пациенти.“ Организацијата бара меѓународна истрага за бомбардирањето.

XS
SM
MD
LG