Достапни линкови

Јанева ќе го достави планот за работа на СЈО


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева до петок треба да го достави работниот, персоналниот и финансискиот план за работа на нејзиниот тим, составен од 14 обвинители. Јанева во соопштение до јавноста информира дека СЈО побарало да му бидат доставени документите за да може да одлучува за предлог Одлуката за избор на јавните обвинители. „Во врска со ваквото барање, до Советот на јавни обвинители доставено е Известување дека заклучно со 09.10.2015 година, ќе бидат доставени општиот работен, персонален и финансов план. Воедно изразено е уверување дека Советот ќе пристапи кон доследна примена на законските одредби и кон имплементација на доставените планови, а во смисла на член 9 став 2 од Законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, ќе ги избере кандидатите кои Специјалниот Јавен обвинител ги предложил од редот на постојните обвинители“, се вели во соопштението на Јанева. Изборот на обвинителите што ги предложи Јанева се очекуваше да биде одржан минатата недела, но беше одложен со образложение дека Советот треба да го добие мислењето од Јанева.

XS
SM
MD
LG