Достапни линкови

logo-print

МВР: Уапсени 12 лица во акцијата во Скопје и Куманово


Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција постапува против 12 лица приведени во денешната полициска акција во Скопје, Куманово и други градови. ОЈО соопштува дека е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против 12 лица, приведени во полициската акција која се спроведуваше во текот на ноќта и утринава. Надлежниот обвинител предложил до судијата на предходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје за сите дванаесетмина да се определи мерка притвор „Едно од осомничените лица се гони за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овлстување“ кој ги сторил вршејќи висока функција во Основниот суд Куманово. Останатите единаесетмина се гонат за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „лихварство“, „изнуда“ и криумчарење мигранти“, се наведува во соопштението. Телевизијата Телма известува дека извори од обвинителството потврдиле дека еден од уапсените е претседателот на Основниот суд во Куманово.

XS
SM
MD
LG