Достапни линкови

Договор нема, но има согласност за повеќето проблеми


Иако не е постигнат договор за изборната регулатива, за поголем дел од проблемите има согласност кај учесниците во работната група, велат извори од опозицијата. Според нив, отворени остануваат само гласањето на дијаспората и носењето одлуки во ДИК. Избирачкиот список најверојатно ќе биде прочистен целосно теренски, со вкрстување на базите на податоци од МВР, Фондот за здравствено осигурување, УЈП и други институции.

Истите извори информираат дека е отворена можноста денеска да има билатерални средби на меѓународните претставници со учесниците во преговорите.

Она што е извесно е дека меѓународниот фактор утре ќе достави предлог-закон по кој треба да се изјаснат претставниците на политичките партии.

XS
SM
MD
LG