Достапни линкови

logo-print

Вучиќ не патува во Елбасан, Рама се извинил за инцидентот


Српскиот премиер Александар Вучиќ одлучи да не патува во Албанија на вечерашниот фудбалски натпревар меѓу репрезентациите на Албанија и Србија, којшто се игра во Елбасан. Причина за ваквата одлука на српскиот премиер е вчерашниот инцидент кога непознати лица со камења го нападнале автобусот во кои биле фудбалерите на Србија, додека се превезувале од аеродромот, до хотелот. Според телевизијата Н-1, албанскиот премиер Еди Рама им се извинил на фудбалерите и водството на српската репрезентација, а шефот на тиранската полиција лично дошол на местото на инцидентот, ветувајќи дека нема да биде загрозена безбедноста на играчите и на сите другите кои допатуваа од Србија. Но, во Белград е одлучено Вучиќ сепак да остане дома. Засега не се знае кој го каменувал автобусот, но инцидентот само покажа дека и реваншот меѓу репрезентацијата на Албанија и Србија, како и првиот меч во Белград, се игра во услови на големата нервоза и политичка напнатост.

XS
SM
MD
LG