Достапни линкови

Доделена Нобеловата награда за литература


Белоруската писателка и истражувачка новинарка Светлана Алексиевич е добитник на Нобеловата награда за литература за 2015 година. При доделувањето на наградата шведската Академија наведе дека нејзините „полифонични дела се споменик на страдањето и храброста на нашето време.“ 67-годишната Алексиевич покриваше некои од најзначајните настани во Белорусија за време на советската ера, вклучително нуклеарната катастрофа во Чернобил и падот на Советскиот Сојуз. Нејзините две најзначајни книги се посветени на советските генерации кои живеат во модерниот свет. Таа е 14-та жена која е добитник на Нобеловата награда и ќе добие 960 илјади долари. Добитникот на Нобеловата награда за мир ќе биде објавен на 9 октомври. Нобеловата награда за прв пат е доделена во 1901 година, согласно волјата на шведскиот хемичар и производител на оружје Алфред Нобел.

XS
SM
MD
LG