Достапни линкови

logo-print

ФИФА ги суспендираше Блатер и Платини


Претседателот на ФИФА Сеп Блатер и двајца декларирани кандидати за негови наследници се суспендирани на 90 дена од страна на комитетот за етика на светското фудбалско управно тело. Исто така суспендирани се и шефот на Европската фудбалска федерација УЕФА Мишел Платини, потпретседателот на ФИФА Чунг Монг Јун, како и генералниот секретар на ФИФА Жером Валке. Платини и Чунг објавија дека ќе се кандидираат на изборите во февруари за претседател на ФИФА. Чунг доби забрана од шест години и беше казнет со 100 илјади швајцарски франци. ФИФА соопшти дека одлуката да бидат суспендирани е донесена врз основа на моменталната истрага. Швајцарските обвинители минатиот месец отворија кривична истрага против Балатер за потпишан договор за ТВ права на Карибите и за исплата од 2 милиони долари до Платини во 2011 година. Од канцелларијата на обвинителите соопштуваат дека Платини е некаде на средината меѓу сведок и обвиенето лице.

XS
SM
MD
LG