Достапни линкови

Фрлен солзавец во косовскиот Парламент


Пратениците на три опозициски партии во косовскиот Парламент со свиркање и поливање со вода ја блокираа работата на денешната седница, не дозволувајќи да се пристапи до говорницата. Во таква атмосфера беа усвоени низа закони, а пратеникот Ќерим Бајрами за Радио Слободна Европа потврди дека во салата бил фрлен и солзавец. Опозицијата три дена го блокира Парламентот, барајќи од косовскиот премиер Иса Мустафа да го повлече договорот постигнат со Белград, посебно согласноста за формирање на српски општини.

XS
SM
MD
LG