Достапни линкови

Тензии пред фудбалскиот меч меѓу Албанија и Србија


Тензии пред фудбалскиот меч меѓу Албанија и Србија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:39 0:00

Тензии пред фудбалскиот меч меѓу Албанија и Србија

Зголемени мерки на безбедност во Албанија и српски дипломатски протест поради каменување на автобусот со фудбалерите на репрезентацијата на Србија во Тирана. Вечер во Елбасан репрезентациите на двете земји играат квалификациски натпревар за Европското првенство во фудбал.

Албанија ги зголеми мерките за безбедност во врска со политички обоениот фудбалски меч, решена да спречи повторување на насилствата меѓу навивачите и фудбалерите до кои дојде на претходниот натпревар во Белград во минатата година.

Спротивно на дипломатските правила и практика, албанскиот амбасадор, по инструкциите од Тирана, одби да го прифати повикот на Министерството за надворешни работи и да прими протесна нота поради тешкиот инцидент, со образложение дека ништо не се случило.
МНР на Србија.

На тоа му претходеше појавување на дрон над стадионот со националистичко знаме со карта на „Голема Албанија“.

Тоа предизвика дипломатски спор и ги потенцира кревките односи меѓу двете земји.

До дипломатски тензии дојде и пред сегашниот натпревар откако бил каменуван автобусот со српските фудбалери во Тирана.

Инцидентот во кој никој не бил повреден ги зголеми сомневањата за безбедноста за време на мечот во Елбасан.

Министерството за надворешни работи на Србија синоќа соопшти дека амбасадорот на Албанија во Белград Илир Боќко одбил да прими протестна нота по повод инцидентот во кој во Тирана бил каменуван автобусот на фудбалската репрезентација на Србија.

Ова е можност да ја покажеме нашата поддршка на националниот тим, како и нашето гостопримство на гостинската репрезентација.
Сајмир Тахири, албански министер за внатрешни работи.

„Спротивно на дипломатските правила и практика, албанскиот амбасадор, по инструкциите од Тирана, одби да го прифати повикот на Министерството за надворешни работи и да прими протесна нота поради тешкиот инцидент, со образложение дека ништо не се случило“, се наведува во соопштението на српското министерство.

Албанските власти соопштија дека распоредиле скоро две илјади полицајци за да го обезбедуваат натпреварот.

Притоа бил уапсен и човекот кој стоел зад минатогодишниот инцидент со дронот во Белград.

Тој во себе имал пиштол и 38 билети за натпреварот и покрај тоа што нему му било забрането да го следи.

Исмаил Морина
Исмаил Морина

Станува збор за 33-годишниот Исмаил Морина кој поради настанот со дронот некои во Албанија го гледаат како херој.

Полицијата исто така соопшти дека внимателно ќе ги контролира навивачите со цел можните провокатори да не влезат во стадионот.

„Ова е можност да ја покажеме нашата поддршка на националниот тим, како и нашето гостопримство на гостинската репрезентација“, изјави албанскиот министер за внатрешни работи Сајмир Тахири.

И најмал инцидент за време на натпреварот би можело да значи крај на албанскиот сон за квалификување на Европското првенство, за прв пат во историјата на таа земја.

Албанските репрезентативци упатија апел до публиката да биде воздржана со пораката: „Не на расизмот, почитување на химните и без провоцирање инциденти“.

„Атмосферата е таква и ги надминува некои работи поврзани со фудбалот“, изјави капитенот на српската репрезентација Бранислав Ивановиќ, додавајќи:

„Знаеме дека се соочуваме со котел, не очекуваме аплаузи од албанските навивачи“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG