Достапни линкови

Обама се извини за бомбардирањето на болницата во Кундуз


Барак Обама

Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама и се извини на организацијата Лекари без граници поради воздушниот напад врз болницата во Кундуз, Авганистан во кој беа убиени 22 лица. До ова доаѓа по четири дена откако се случил овој напад. Портпаролот на Белата куќа Џош Ернст изјави дека Обама телефонски разговарал со претседателката на Лекари без граници Џоен Лиу при што изразил сочувство. „Кога Соединетите држави ќе направат грешка, ние се извинуваме “, изјави Ернст. Обама вети темелна и транспарентна истрага што ќе ја спроведе министерството за одбрана.

XS
SM
MD
LG