Достапни линкови

logo-print

Турскиот тек одложен поради тензиите со Русија


Александар Медведев

Александар Медведев

Рускиот гигант „Газпром“ соопшти дека големиот проект за гасовод со Турција се одлагал поради растечките тензии меѓу Москва и Анкара околу руската интервенција во сирискиот конфликт. „Со оглед на тоа што нема меѓу владина согласност, временската рамка ќе биде одложена“, изјави заменик претседателот на Газпром Александар Медведев, во врска со предвидениот рок, односно идната година за почеток на изградбата на првиот од четирите гасоводи во системот. Москва ја налути Анкара со покренувањето воздушни напади во Сирија, за кои Турција смета дека претставуваат голема грешка. Руски борбени авиони на два пати го нарушија турскиот воздушен простор.

XS
SM
MD
LG