Достапни линкови

Амбасадорот на Албанија во Белград одбил да прими протесна нота


Министерството за надворешни работи на Србија синоќа соопшти дека амбасадорот на Албанија во Белград Илир Боќко одбил да прими протесна нота по повод инцидентот во кој во Тирана бил каменуван автобусот на фудбалската репрезентација на Србија. „Спротивно на дипломатските правила и практика, албанскиот амбасадор, по инструкциите од Тирана, одби да го прифати повикот на Министерството за надворешни работи и да прими протесна нота поради тешкиот инцидент, со образложение дека ништо не се случило“, се наведува во соопштението на српското министерство. Автобусот со српските репрезентативци бил погоден со камен на влезот во Тирана, но никој не бил повреден. Денеска во Елбасан репрезентациите на двете земји играат квалификациски натпревар за Европското првенство.

XS
SM
MD
LG