Достапни линкови

Собранието не ги поддржа измените за екстерното


Собранието на Македонија не ги поддржа предлог-законите за изменување на законите за основното и за средното образование, поднесени од група пратеници од опозициската СДСМ, со кои бараа укинување на екстерното тестирање. Според опозициските пратеници, со неколкугодишното спроведување на екстерното тестирање наместо да се подобри квалитетот на образованието, состојбите се влошиле. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, пак, истакнаа дека екстерното е дел од реформите кои се спроведуваат за подобрување на квалитетот на образованието.

XS
SM
MD
LG