Достапни линкови

Законот за забрана на објавување на „бомбите“ повлечен


Еден од предлагачите на законот, Талат Џафери.

Еден од предлагачите на законот, Талат Џафери.

Предлог-законот за поседување, обработка, објавување и располагање со материјали кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, денеска бил повлечен од страна на неговите предлагачи пратениците Талат Џафери и Крсто Муковски, соопшти Собранието.

Претходно медијаторот на ЕК, Питер Ванахауте изјави дека законот за забрана на таканаречените бомби ќе се врати на доработка во работните групи и со него во комбинација ќе биде и законот за свиркачите.

Ова денеска, како што наведе тој, било договорено за време на преговорите меѓу претставниците на четирите најголеми партии во земјава во Клубот на пратеници.

Партиите, според Ванхауте се договориле двата закони да бидат донесени до 20 октомври и проблемот, како што наведе засега е решен.

XS
SM
MD
LG