Достапни линкови

logo-print

Русија подготвена да разговара со опозицијата во Сирија


Русија соопшти дека е подготвена да оствари контакт со сириската опозициска група „Слободна сириска армија“ поддржана главно од Западот, за да најдат политичко решение за војната. Министерството за надворешни работи во денешното соопштение наведува дека сака да ја вклучи сириската опозиција во подготовките за „политичко решение на кризата низ преговори со сириската Влада.“ портпаролката на министерствот Марија Захарова рече дека Москва исто така е подготвена да помогне силите на Асад да се вклучат заедно со опозицијата во уништувањето на групата на Исламската држава и „други терористички групи“ во координација со руските воздушни сили. Сириската опозиција се бори против Асад кој е поддржан од Русија. Рускиот претседател владимир Путин претходно рече дека неговиот колега, франацускиот претседател Франсоа Оланд истакнал идеја за обединување на силите на Асад и на опозицијата во борбата против ИД. Сепак, Оланд јасно укаже дека не е можна соработка со сириската армија додека Асад е на власт.

XS
SM
MD
LG