Достапни линкови

Пресретнати турски авиони на границата со Сирија


Турската армија денеска соопшти дека ракетни системи лоцирани во Сирија вчера пресретнале турски воени авиони кои биле во патрола на турско-сириската граница. „Осумте турски воени авиони Ф-16 беа на нишан околу 1,5 минути“, соопшти Генералштабот на турската армија. Сличен инцидент имаше и во понеделникот кога неидентификуван МИГ-29 на нишан држеше турски воени авиони четири минути и 30 секунди, а исто така беа на нишан и на сириските системи за противвоздушна одбрана четири минути и 15 секунди.

XS
SM
MD
LG