Достапни линкови

logo-print

Милошоски: Преговорите се прилично напорни


Преговорите на работната група за измените во изборното законодавство согласно со договорот од Пржино продолжуваат попладнево, изјави пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ којшто е дел од разговорите. „Мора да се каже дека преговорите се прилично напорни. Има различни позиции по различни прашања и тоа што ги прави позициите посложени е што одредени стојалишта на одредени политички партии многу често се менуваат, рече Милошоски. На пример, како што посочи, во текот на вчерашниот ден имало брзо менување на ставот на СДСМ кој се откажал од долгогодишно барање за активна регистрација, како еден од нивните предуслови за прочистување на Избирачкиот список. СДСМ, потенцираше тој, од 2014-та наваму создава одредени политички кризи врз основа на непризнавањето на изборите тврдејќи дека 150.000 гласачи се фиктивни и дека тоа е грешката во Избирачкиот список и заради тоа ги губат изборите. „Но вчера во раните утрински за само 150 секунди се откажаа од овој став истовремено не нудејќи некој друг кој може да биде реален концепт кој нив би им овозможил да имаат доверба во Избирачкиот список“, рече Милошоски. Го искористија, посочи тој, вчерашното поднесување на законот за необјавување на прислушувани материјали како одреден изговорза застој во преговорите.

XS
SM
MD
LG