Достапни линкови

Руските воздушни напади придружени со сириски на копно


Бранот на руски воздушни напади во текот на ноќта бил координиран со копнени напади на сириските владини сили, врз најмалку четири позиции на бунтовниците во западна Сирија. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон денеска соопшти дека руските воени авиони извршиле нови „интензивни“ напади во две сириски провинции, и дека се погодни четири локации во провинцијата Хама и три локации во северната провинција Идлиб. Бомбардирањето било придружено со напад на сириската војска и провладината милиција против бунтовничките сили. Од организацијата велат дека се уште нема извештаи за жртви од нападите, за кои се вели дека биле поинтензивни од вообичаено. Директорот на организацијата за мониторинг Рами Абдел Рахман рече дека „за прв пат нападите биле извршени со копнени напади меѓу силите на режимот и бунтовниците.“

XS
SM
MD
LG