Достапни линкови

logo-print

Законот за необјавување на „бомбите“ останува во собраниска процедура


Предлог-законот за необјавување на аудио снимки од прислушувани разговори останува во собраниска процедура. Деловнички, како што информираат од Собранието на Република Македонија, законот не може да биде повлечен од страна на претседателот на Парламентот Трајко Велјаноски, туку во оваа фаза тоа можат да го сторат само предлагачите, пратениците Талат Џафери од ДУИ и Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ. Предлог законот за забрана за поседување, обработка, објавување и располагање со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникациите, по скратена постапка, пратениците го поднесоа вчера, а тој попладнето беше доставен до пратениците. За време на синоќешните разговори за измени во изборното законодавство во согласност со договорот од Пржино, според информациите што ги објавија некои медиуми, СДСМ побарала повлекување на овој закон. Доколку Предлог-законот остане во собраниска процедура, односно не биде повлечен, тој мора во рок од 20 работни дена да биде ставен на дневен ред на собраниска седница. Во тој случај во законот ќе може амандмански да се интервенира.

XS
SM
MD
LG