Достапни линкови

Турција предлага разговори со Русија за избегнување инциденти


Турција предложи средба со руски воени претставници во обид во иднина да се избегне нарушување на турскиот воздушен простор од страна на Русија. Турскиот портпарол на Министерството за надворешни работи Тању Билгич, денеска рече дека Турција на состанокот сака да овозможи руски воени претставници да го објаснат упадот и да предложат јасни мерки за да не се повтори.

Билгич изјави дека рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов трет пат бил повикан да го објасни инцидентот. Тој го негира рускиот извештај во медиумите дека Турција предлозила создавање на „работна група“ за да се координираат акциите со Москва во Сирија.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска изјави дека не сака поради сирискиот конфликт да се создаде криза меѓу Русија и НАТО или да настане спор меѓу Анкара и Москва. Тој рече дека само два од 57 воздушни напади во Сирија ја погодиле групата на Исламската држава, додека останатите биле насочени против опозициските сили, кои се борат против сирискиот претседател Башар ал-Асад.

XS
SM
MD
LG