Достапни линкови

logo-print

Доделена Нобеловата награда за хемија


Швеѓанецот Томас Линдал, Американецот Пол Модрич и Американецот со турско потекло Азис Санчар се добитници на Нобеловата награда за хемија за 2015 година, за нивните студии за тоа како човечките клетки можат да возобноват оштетена ДНК. „Нивната работа обезбеди фундаментални познавања за тоа како функционираат живите клетки, на пример за употреба на развивање на нови третмани за канцер“, се вели во соопштението на шведската Кралска академија на науките. Тројцата поделија награда од 960 илјади долари. Оваа недела ќе бидат објавени добитниците на Нобеловата награда за мир и за литература. Нобеловата награда за прв пат беше доделена во 1901 година во согласност со волјата на шведскиот хемичар и производител на оружје Алфред Нобел.

XS
SM
MD
LG