Достапни линкови

Селските маки на жителите на Довезенце


Жителите на кумановското Довезенце стравува од поплави. Речното корито не е регулирано, а и еден од мостовите пред две години се урнал.

Во кумановското село Довезенце низ кое протекува Крива Река стотина жители и безмалку уште толку кои повремено престојуваат во 80-ина викенд куќички стравуваат од излевања на реката и уништување на нивните земјоделски имоти и куќи.

Реката треба да се регулира и речното корито да се прошири, бидејќи поплавува околу 50 хектари во Довезенце и повеќе од пола селото Јачинце, по еден метар вода има. Црквата „Свети Спас“ е урната, бараме помош, бидејќи самите не можеме. Бараме помош и за изградба на пат до црквата.
Драги Додевски, претседател на Месната заедница.

Речното корито не е регулирано, а и еден од мостовите изграден уште во минатиот век, пред две години се урнал. Селото е на 30-ина километри од Куманово. Миграциите село – град се уште се актуелни за младите, но има и во обратна насока кога пензионерите и оние што останале како технолошки вишок се враќаат во селото, раскажува Драги Додевски, претседател на Месната заедница.

„Во селото има околу 200 хектари обработливо земјиште од двете страни на реката. Едните живеат таму, другите од оваа страна, затоа ни е потребна комуникација преку мостот, за да можеме да ги извршуваме нашите работи. Од левата страна по течението на реката се одгледуваат житни, а од десната градинарски култури“, вели Драги Додевски, претседател на Месната заедница.

Додевски смета дека проблеми никогаш доволно. Сепак најважен е мостот.

„Реката треба да се регулира и речното корито да се прошири, бидејќи поплавува околу 50 хектари во Довезенце и повеќе од пола селото Јачинце, по еден метар вода има. Црквата „Свети Спас“ е урната, бараме помош, бидејќи самите не можеме. Бараме помош и за изградба на пат до црквата.“

Мештаните велат дека она што го нема во нивното село тие го обезбедуваат во соседното Клечовце кое се наоѓа на пет километри.

„Имаме продавница, лекар има во Клечовце. Има автобус. Проблем ни е реката што не поплавува и мостот. Да се прошири коритото.“

Во селото како што велат, малку има деца.

„Пет-шест деца има. На школо одат во Клечовце со обезбеден превоз. Добро е да се живее тука.“

Жителите раскажуваат дека надлежните од локалната самоуправа не ги посетуваат. Понекогаш доаѓаат и едните и другите во предизборни кампањи, но, како што додаваат, никој ништо не им ветува,а и да им ветуваат никој ништо не остварува. Затоа се препуштени сами на себе да се справуваат со селските маки, а помош постојано бараат и од локалната самоуправа-Куманово, но и од секој што би можел да им помогне да ги надминат проблемите.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG