Достапни линкови

Сирија и Асад се клучни за Путин


Сирија и претседателот Башар ал Асад се клучни во стратегијата за Блискиот Исток на рускиот претседател Владимир Путин. Ова го вели аналитичарот во Карнеџи центарот во Москва Алексеј Малашенко. Руската интервенција во Сирија, според некои сириски аналитичари, е токму со цел зачувување на Асад на власт.

Според Малашенко, Башар ал Асад е стар сојузник на Москва и поради тоа таа не сака да го загуби.

Тоа е многу важно, бидејќи е предуслов да се покаже дека Русија е способна да има национални интереси, не само во просторот на поранешниот Советски Сојуз, туку и на други места.

„Од почетокот на Арапската пролет, од почетокот на граѓанската војна во Сирија тие го поддржуваа и тоа е нивната стратегиска линија. Не заборавајте дека Сирија и лично претседателот Асад се последниот столб, би рекол остаток од постсоветското наследство. И ако тој биде загубен, тоа, според Путин, би било голема грешка“, вели Малашенко.

Тој додава дека така Русија го задржува своето влијание и физичко присуство на Блискиот Исток.

„Тоа е многу важно, бидејќи е предуслов да се покаже дека Русија е способна да има национални интереси, не само во просторот на поранешниот Советски Сојуз, туку и на други места“, оценува тој.

Без сомневање, владините сили имаат најголема полза од руските напади. Има извештаи дека тие се подготвувале на голема офанзива во Хомс и Хама и по се изгледа дека повторно ќе ги стават под своја контрола.

Според него, руската стратегија е да се задржи Асад на власт доволно долго за постигнување политичка транзиција која ќе овозможи сите страни да бидат победници.

„Мислам дека воздушните напади ја имаат токму таа цел да ја засилат позицијата на претседателот Асад половина или една година, по што би дошло до создавање коалиција. Сите би биле задоволни. И Русија, и Асад, дури и Соединетите Држави“, наведува аналитичарот во Карнеџи центарот во Москва, Алексеј Малашенко.

Русија во саботата соопшти дека ќе ги интензивира воздушните напади во Сирија, каде што сојузниците предводени од Соединетите Држави веќе една година вршат напади врз милитантите на Исламската држава.

Најновите руски напади, според сирискиот аналитичар Тарик ал Абед, веќе имале извесни резултати, бидејќи милитантите веќе почнале да ги напуштаат нивните позиции.

„Без сомневање, владините сили имаат најголема полза од руските напади. Има извештаи дека тие се подготвувале на голема офанзива во Хомс и Хама и по се изгледа дека повторно ќе ги стават под своја контрола“, вели Тарик ал Абед, наведувајќи дека тоа ќе му донесе поголема политичка моќ на претседателот Асад.

„Само страната која има најголема територија може да води во евентуалните политички преговори. Ако сириската влада успее во тоа со помош на Русија, тогаш таа ќе има поинаква позиција на преговарачката маса“, вели тој.

Руските воздушни напади, според аналитичарите, би можело да предизвикаат поделби меѓу Сиријците, што би го отежнало процесот за обнова на земјата.

„Тероризмот не може да се искорени без политички процес. Тероризмот не е воено прашање, туку идеологија. Затоа е потребен процес на обнова на националниот идентитет и повторно обединување“, вели аналитичарот Анас Џудах.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG