Достапни линкови

Путин 63 роденден ќе го прослави со играње хокеј


Рускиот претседател Владимир Путин ќе го прослави својот 63 роденден со играње хокеј, изјави портпаролот на Кремљ Дмитри Песков. „Тоа веќе стана традиција“, рече тој во врска со денешниот роденден на Путин. На мечот учествуваат ветерани и сегашни познати хокеари. Сличниот таков меч што се одржа во мај годинава заврши 18 спрема 6 и притоа Путин даде осум голови за победничката екипа.

XS
SM
MD
LG