Достапни линкови

logo-print

Лукашенко: Белорусија нема потреба од руска база


Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека тој не бил запознаен со некакви планови за руска воена база во Белорусија. „Во овој момент ние немаме потреба од база. Слушам од опозицијата дека Русија сакала да изгради воздухопловна база. Не знам ништо за тоа“, изјави Лукашенко. Претходно во Минск неколку стотици опозициски активисти протестираа против руска воена база во Белорусија. Рускиот претседател Владимир Путин во минатиот месец го поддржал предлогот на руската влада за почнување преговори со Белорусија за изградба на руска база во таа земја. Во Белорусија во моментов има две руски воени постројки, радарска станица и подморнички комуникациски центар.

XS
SM
MD
LG