Достапни линкови

САД го поздравија одлагањето на изборите во источна Украина


Марк Тонер

Соединетите држави ја поздравија одлуката на проруските сепаратисти во источна Украина да ги одложат спорните локални избори на територијата под нивна контрола до наредната година. „Луѓето кои живеат во овие подрачја заслужуваат да изберат нивни локални претставници на избори кои се според меѓународните стандарди и во согласност со украинското законодавство, како и под мониторинг од ОБСЕ“, изјави портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер. Претходно Европската унија одлагањето на изборите го оцени за фундаментален чекор кон спроведување на договорот што има за цел решавање на конфликтот во источна Украина. Овие избори требаше да се одржат на 18 октомври и 1 ноември, но како што соопштија проруските сепаратисти, се одлагаат откако ги анализирале резултатите од состанокот во Париз на 2 октомври на кој учествуваа лидерите на Германија, Франција, Русија и Украина.

XS
SM
MD
LG