Достапни линкови

logo-print

Русија и Турција работат на гасоводот и покрај тензиите


Алексеј Милер

Алексеј Милер

Руската влада подготвува меѓувладин договор со Турција за нивниот планиран гасовод Турски тек. Шефот на „Газпром“ Алексеј Милер изјави дека тој работел на ваквиот договор и оти не очекувал турскиот гнев околу руското нарушување на турскиот воздушен простор да ги наруши плановите за изградба на гасоводот. Рускиот министер за енергетика Александар Новак во Истанбул деновиве изјави дека договорот со Турција ќе биде потпишан по турските избори на 1 ноември, најверојатно во почетокот на идната година. Гасоводот Турски тек ќе се протега од Русија преку Црно море до турско грчката граница од каде што би можело да се проширува кон јужна Европа, доколку тоа го дозволи грчката влада.

XS
SM
MD
LG