Достапни линкови

Состанок на работната група за изборните правила


Во Клубот на пратеници во Скопје во текот на ноќта траеле разговорите на работната група за постигнување договор за изборната регулатива. Краен рок за тоа беше на полноќ, но разговорите, како што јавуваат дел од македонските медиуми, запнале кај Законот за забрана за објавување на прислушуваните разговори, што го предложија ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Повлекување на ваквиот предлог побара СДСМ. На состанокот на претставници на политичките партии со посредништво на амбасадорите на САД и на ЕУ се разговарало за сите прашања, за кои не е постигнат договор во претходните средби на работните групи. Меѓу најтешките прашања е гласањето на дијаспората за кое претседателот на СДСМ Зоран Заев изјави дека единствено нешто околу кое се согласиле четирите политички партии е дека дијаспората треба и мора да гласа. Олеснувачот Питер Ванхауте пред почетокот на средбата најави дека очекува договор доцна во ноќта или во раните утрински часови, а според неофицијални информации меѓународните претставници им претставиле на партиите неколку решенија за отворените прашања.

XS
SM
MD
LG