Достапни линкови

Времето денеска: облачно и врнежливо


Во Македонија ќе биде облачно. Претпладне врнежите ќе бидат во западниот дел од земјата, а во попладневните часови врнежи со слаб и умерен интензитет ќе се прошират насекаде. Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 16 до 23 степени. Во Скопје времето претпладне ќе биде облачно со услови за краткотраен дожд. Од пладневните часови облачно со повремен слаб до умерен дожд и претежно североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

XS
SM
MD
LG