Достапни линкови

logo-print

ММФ ги намали изгледите за глобалниот раст


Забавувањето на пазарите во развој го принудија Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) да ги намали изгледите за глобалниот економски раст. ММФ во својот полугодишен извештај наведува дека оваа година светската економија ќе остварои раст од 3.1 отсто и 3.6 отсто во 2016 година, што претставува намалување во однос на предвидувањата од јули. Растот на пазарите во развој се очекува да падне пета година по ред, поради економскиот застој во Кина каде е намалена побарувачката на суровини и беа намалени цените на нафтата. ММФ вели дека руската економија која исто така беше погодена од санкциите ќе се намали повеќе од очекувањата, односно 3.8 проценти оваа година. Просечната цена на нафтата ќе се зголеми на околу 55 долари за барел во 2017 година, вели ММФ.

XS
SM
MD
LG