Достапни линкови

Димовски: Заев се согласи за закон за забрана на „бомбите“


Пратеникот Илија Димовски по тврдењата на СДСМ дека предлог законот за престанување на објавувањето на снимките од прислушуваните разговори не бил дел од договорот од Пржино, изјави дека лидеорт на СДСМ Зоран Заев дал збор дека до 20 октомври ќе биде донесен закон со кој ќе се забрани злоупотребата на прислушуваните разговори. Димовски вели дека законот бил договорен во пакет со законот за специјален јавен обвинител. Тој додава дека Заев се согласил за законот во присуство на амбасадорите на САД и ЕУ и пред претставнивците на политичките партии.

XS
SM
MD
LG