Достапни линкови

Грешка бил нападот врз болницата во Кундус


Команданотот на САД и коалицијата во Авганистан соопшти дека смртоносните воздушни напади врз болницата во градот Кундуз биле грешка. Во нападот на 3 октомври загинаа 22 лица и многумина беа повредени. Болницата беше управувана од страна на персонал на организацијата Доктори без граници. Генералот Џон Кембел денеска сведочеше дека болницата била погодена поради грешка. Тој додаде дека никогаш нема намерно да гаѓаат заштитен медицински објект.

XS
SM
MD
LG