Достапни линкови

logo-print

ММФ очекува раст на иранската економија во 2016


Меѓунорадниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека нуклеарниот договор што Иран го потпиша со шесте светски сили, ќе го поттикне економскиот раст на Блискиот Исток и во Северна Африка во следната година, како и укинувањето на санкциите кои ќе зголемат производството на нафтата. Според договорот од јули, санкциите против Иран треба постепено да бидат укинувани. ММФ соопштува дека растот во регионот ќе биде значителен во регионот во 2016 година, со поддршка на забрзана активност на Иран. Организацијата очекува напредок и во други земји кои се погодени од конфликти, како Ирак, Либија иа Јемен.

XS
SM
MD
LG