Достапни линкови

Грција доби 35 милијарди евра помош од ЕУ


Европскиот парламент со големо мнозинство одобри финансика помош за Грција во висина од 35 милијарди евра, што ќе биде доделена на земјата преку фондовите на унијата. Средствата се вклучени во буџетот на ЕУ за периодот до 2020 година. Сумата предвидува 20 милијарди евра од европските структурни фондови и 15 милијарди евра од земјоделските фондови. Предлогот за финансиската помош е одобрен од Европската комисија. За него во Европскиот парламент „за“ гласаа 586 пратеници, „против“ 87, а 21 беа воздржани. Средствата се врзани со мерки за реализација на проекти од национално значење за Грција и за подобрување на економската и инвестициска клима во земјата. Кон средината на јули заменикот претседател на Европската комисија Валдис Домбровскис изјави дека Комисијата подготвила инвестициски пакет за развој на грчката економија во висина од 25 милијарди евра. Инвестицискиот пакет е за периодот до 2020 година и не е поврзан со третата кредитна програма за Грција.

XS
SM
MD
LG