Достапни линкови

logo-print

Главниот обвинител во Хаг во посета на Мостар


Главниот обвинител на Трибуналот на Обединетите Нации за воени злосторства во поранешна Југославија Серж Брамец, за време на денешната посета на Мостар, ја истакна важноста на кривичната одговорност за злосторства против културното наследство. Брамец нагласи дека судот во Хаг кривично гонел цивилни и воени лидери на високи позиции, поради уништување на многубројни културни, образвони и религиозни институции за време на конфликтите во поранешна Југославија, вклучително и уривањето на стариот мост во градот Мостар. Главниот обвинител истакна дека нападите врз културни споменици и институции се воени злосторства и често се дел од кампања за етничко чистење. Според Брамерц виновниците треба да бидат соодветно казнети за таквите дела, со цел да се заштити заедничкото наследство. Серж Брамерц се наоѓа во посета на Босна и Херцеговина. Денеска заедно со шефовите на сараевската канцеларија на УНЕСКО во БиХ Синиша Шешум и градоначалникот на Мостар Љубо Бешлиќ, Бремерц ги посети објектите во градот, кои се дел од светското културно наследство на УНЕСКО.

XS
SM
MD
LG