Достапни линкови

logo-print

Предлог закон за забрана на објавување на „бомбите“


ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието поднесоа Предлог-закон за престанување на објавувањето на аудио снимките од прислушуваните разговори. Законот бил идеја на ДУИ, а ВМРО-ДПМНЕ ја поддржала. Ваквото законско решение било договорено на лидерска средба во присуство на странските претставници, поточно кога се договорал Законот за специјален обвинител. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски ја потврди информацијата и вели дека со предлог-законот всушност се доработува веќе постоечка материја за оваа проблематика. Целта е, посочува тој, да се избегнат евентуални уцени, закани и притисоци врз граѓани кои би можеле да произлезат од прислушуваните разговори. Сега, додава Димовски, има формирано орган кој би можел да постапува по евентуални вакви случаи односно формирано е специјално обвинителство. Засега нема информација кога Предлог-законот ќе биде на собраниска седница.

XS
SM
MD
LG