Достапни линкови

Промени во безбедносните институции во Туркменистан


Претседателот на Туркменистан ги промени своите безбедносни функционери во услови на разгорување на борбите на таџикистанско-авганистанската граница. Државните медиуми денеска објавија дека Гурбангули Бердимухамедов е именуван за шеф на претседателската гарда, генерал-полковник, а Гуичгелди Хојабердиев го презема Министерството за национална безбедност. Шефот во заминување на Министерството за национална безбедност, генерал-полковник Јаилум Бердиев, беше преименуван в министер за одбрана. Бегенч Гундогдијев е назначен за командант на туркменистанските поморски сили. Промените доаѓаат во услови на обновени битки меѓу авганистанските сили и исламските борци во провинцијата Фарјаб, која граничи со туркменистан.

XS
SM
MD
LG