Достапни линкови

logo-print

Украина легализира учество на странци во армијата


Пратениците во Киев го легализираа служењето на странци во украинските вооружени сили. Предлог законот денеска беше одобрен во неговото второ читање во Парламентот. Пратениците претходно и на првото читање го одобрија предлог законот, кој го олеснува процесот за странци да служат во украинската армија и да добијат државјанство. За вториот предлог закон треба повторно да се гласа, пред да биде пратен да го потпише претседателот Петро Порошенко. Според законот, странските државјани кои служеле или служат во украинската армија, ќе можат да добија украинско државјанство по три години поминати во земјата.

XS
SM
MD
LG