Достапни линкови

Туск: Можно е уште милиони бегалци да ја напуштат Сирија


Претседателот на Советот на Европската унија, Доналд Туск изјави дека Турција ја предупредила ЕУ дека би можело уште милиони бегалци да ја напуштат Сирија поради војните. Туск денеска пред пратениците на ЕУ во Стразбур рече дека според проценките на Турција, уште три милиони потенцијални бегалци би можеле да дојдат од најголемиот сириски град Алепо и од околните региони. Тој додаде дека милиони потенцијални бегалци и мигранти сонуваат за Европа. Изјавата на Туск доаѓа еден ден по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на која разговарале за проблемот. Околу два милиони бегалци во моментов живеат во Турција, десетици илјади оваа година преку Грција мигрираа во Европа. Туск ги предупреди пратениците на ЕУ: „светот околу нас нема намера да и помогне во Европа“, додавајќи дека „некои соседи на ЕУ со задоволство гледаат на наште проблеми.“

XS
SM
MD
LG