Достапни линкови

Заев: Фотофиниш за изборните измени


На последниот ден од рокот за договорањето за изборното законодавство кој партиските претставници го дефинирале со еврокомесарот Јоханес Хан, претседателот на СДСМ Зоран Заев изјави дека тие се во финишот и оти тој бил повикан на преговорите.

„Значи влегуваме во еден фотофиниш во кој се надевам дека ќе ги изнајдеме најдобрите решенија во интерес на граѓаните на Република Македонија“ рече Заев.

Заев изрази надеж декја се повикани и другите лидери. Според извори вклучени во работата на работната група состаноците почнуваат попладнево а не се знае кога на нив ќе им се приклучат и лидерите.

Најспорни за договарање се уште остануваат начинот на прочистување на избирачкиот список, гласањето на дијаспората и одлучувањето по приговорите на одлуките на Државната изборна комисија.

XS
SM
MD
LG