Достапни линкови

logo-print

Бан Ки Мун: Иран да ја поттикне Сирија на мировно решение


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун побара од Иран да изврши притисок врз своите сојузници во Дамаск за постигнување мировно решение на граѓанската војна во Сирија. За време на состанокот со шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф, генералниот секретар на Светската организација повторил дека нема воено решение на конфликтот и побарал од Техеран да го искористи влијанието што го има во Дамаск. На средбата станало збор и за ситуацијата во Јемен каде што Обединетите нации се обидуваат да ги заживат мировните преговори меѓу судрените страни.

XS
SM
MD
LG