Достапни линкови

НАТО: Русија да ги прекине нападите во Сирија


Советот на НАТО побара од Русија да престане со воздушните напади во Сирија и итно да запре со навлегување на руски авиони во турскиот воздушен простор, со констатација дека се работи за опасно и неодговорно однесување. Амбасадорите на земјите членки на НАТО, кои на повик на генералниот секретар Јенс Столтенберг во Брисел одржаа вонреден состанок, побараа руското воено воздухопловство да го запре бомбардирањето на сириските градови Хомс, Хам и Идлиб во кои, како што се наведува во соопштението, страдале цивили и припадници на сириската опозиција, а не милитанти на Исламска држава.

XS
SM
MD
LG