Достапни линкови

Во напади со автомобили бомби во Ирак, над 50 загинати


Во три напади со автомобили бомби во Ирак загинале над 50 луѓе, додека други десетици биле ранети. Најтрагичниот напад бил изведен во источната провинција Дијала која претежно е населена од шиитски муслимани. Во овој напад загинале над 30 луѓе. Другите два напада се случиле во близина на Басра и во Багдад. За нападот во Басра одговорноста ја презеде групата Исламска држава. Оваа група, според изјави на сведоци, егзекутирала и 70 членови на едно сунитско арапско племе во ирачката провинција Анбар. Наводно тоа било направено бидејќи нивни роднини служеле во ирачките безбедносни сили.

XS
SM
MD
LG