Достапни линкови

Ќе има ли денеска договор за изборните правила?


Денеска, според очекувањата, би требало да биде клучниот ден за постигнување договор за изборните правила што е предвидено со договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија. Вчера не дојде до средба меѓу претставниците во работната група на која се расправа за гласањето на дијаспората, начинот на прочистување на избирачкиот список и решавањето по приговорите на одлуките на Државната изборна комисија. Следниот рок кој е предвиден во договорот од Пржино е 20 октомври за избор на двајца министри и тројца заменици по предлог на СДСМ и двајца заменици по предлог на ВМРО ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG