Достапни линкови

Командант на САД: Смртоносните напади барање на Авганистан


Командант на американските и коалиционите сили во Авганистан изјави дека авганистанските сили побарале да бидат извршени смртоносните воздушни напади на болницата во северниот град Кундуз. Доктори без граници ги обвинија силите на НАТО за нападот на 3 октомври, во кој загинаа 22 лица, вклучително и персонал на организацијата. Зборувајќи во Пентагон, генерал Џон Ф. Кембел рече дека „авганистанските сили советуваа дека се под оган од позици на непријателот и побараа поддршка од силите на САД.“ Тој додаде дека „воздушните напади беа спроведени како одговор на заканите против американските сили.“ Кембел истакна дека војската ќе обезбеди транспарентност спроведувајќи истрага за настанот.“

XS
SM
MD
LG