Достапни линкови

Турција со предупредување за нарушениот воздушен простор


Турција предупреди дека ќе активира правила за ангажирање на војската, без оглед на тоа кој го нарушува нејзиниот воздушен простор. Премиерот Ахмет Давутоглу денеска излезе со предупредување, два дена откако турски воени авиони пресретнале руски ловец кој го нарушил воздушниот простор на Турција, во близина на границата со Сирија. Давутоглу рече дека Русија јасно укажала дека нарушувањето било резултат на грешка и оти инсистирала дека тоа нема да се случи повторно. Тој рече дека тоа нема да предизвика тензии во билатералните односи. „Сирискиото прашање не претставува криза меѓу Русија и Турција“, рече тој, додавајќи дека се надева оти Русија ќе се откаже од своите „погрешни ставови.“

XS
SM
MD
LG