Достапни линкови

Градоначалникот на Кишињев повика протестите да бидат мирни


Градоначалникот на молдавскиот главен град Кишињев ги повика антивладините демонстранати да се воздржат од насилство, еден ден откако се судрија со полицијата за време на протестите кои траат четири недели. Градоначалникот Дорин Чиртоака денеска рече дека: „би боло добро секој што сака да протестира, секој организатор на протести да сфати дека протестите имаат смисла и се ефикасни само ако се мирни.“ Претходниот ден околу 10 илјади демонстранти протсетираа барајќи оставка на владата и на претседателот поради корупцискиот скандал од минатата година кога од неколку банки исчезнале една милијарда долари. Инцидентите избија кога демонстрантите се обидоа да влезат во зградата на Парламентот.

XS
SM
MD
LG